„ОБЛИКОТ НА ВОДАТА“ ЈА ПРЕДВОДИ ЛИСТАТА СО 13 НОМИНАЦИИ ЗА ОСКАР

    „ОБЛИКОТ НА ВОДАТА“ ЈА ПРЕДВОДИ ЛИСТАТА СО 13 НОМИНАЦИИ ЗА ОСКАРИмињата на наградените ќе бидат објавени на 4 март (Фото: Гети)

    „Обликот на водата“, фантастично-романтичната драма на Мексиканецот Гилјермо дел Торо, собра дури 13 номинации за Оскар, што беа објавени денеска во Лос Анџелес.

    Тој е еден од деветте наслови што ќе се борат за титулата најдобар филм, на доделувањето што ќе се одржи на 4 март.

    Следна на листата е воената драма на Кристофер Нолан, „Данкирк“, која има осум номинации, додека „Три билборди пред Ебинг, Мисури“ ќе се обиде да слави во седум категории, но не и за најдобар режисер. Во таа конкуренција се најде и една жена, Грета Гервиг за „Леди Бирд“, додека Рејчел Морисон влезе во историјата како прва снимателка номинирана за Оскар.

    • Најдобар филм: „Викај ме по твоето име“, „Најтемниот час“, „Данкирк“, „Бегај“, „Леди Бирд“, „Фантомска нишка“, „Пост“, „Обликот на водата“, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“.
    • Најдобра машка улога: Гери Олдман („Најтемниот час“), Даниел Деј-Луис („Фантомска нишка“), Даниел Калуја („Бегај“), Дензел Вошингтон („Роман Џеј Езекиел“), Тимоте Шаламе („Викај ме по твоето име“).
    • Најдобра женска улога: Френсис Мекдорманд („Три билборди пред Ебинг, Мисури“), Марго Роби („Јас, Тонја“), Мерил Стрип („Пост“), Сели Хокинс („Обликот на водата“), Сурша Ронан („Леди Бирд“).
    • Машка споредна улога: Вилем Дефо („Проектот Флорида“), Вуди Харелсон („Три билборди пред Ебинг, Мисури“), Сем Роквел („Три билборди пред Ебинг, Мисури“), Ричард Џенкинс („Обликот на водата“), Кристофер Пламер („Сите пари на светот“).
    • Женска споредна улога: Мери Џеј Блајџ („Мадбаунд“), Алисон Џени („Јас, Тонја“), Лори Меткалф („Леди Бирд“), Лесли Менвил („Фантомска нишка“), Октавија Спенсер („Обликот на водата“).
    • Режисер: Кристофер Нолан („Данкирк“), Грета Гервиг („Леди Бирд“), Гилјермо дел Торо („Обликот на водата“), Џордан Пил („Бегај“), Пол Томас Андерсон („Фантомска нишка“).
    • Најдобар странски филм: „Фантастична жена“ (Чиле), „Квадратот“ (Шведска), „Навреда“ (Либан), „За тело и душа“ (Унгарија), „Без љубов“ (Русија).
    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари