ОД КОРОНАВИРУС ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА ХРВАТСКА СПОРТСКА КОМЕНТАТОРКА МИЛКА БАБОВИЌ

    ОД КОРОНАВИРУС ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА ХРВАТСКА СПОРТСКА КОМЕНТАТОРКА МИЛКА БАБОВИЌМилка Бабовиќ беше позната по коментирањето уметничко лизгање. (Фото: ИНДЕКС.ХР)

    Милка Бабовиќ, легендарна хрватска спортска новинарка и југословенска атлетичарка, почина во Загреб од коронавирус. Имаше 92 години, а пред два и пол месеца беше хоспитализирана поради здравствени тегоби.

    Бабовиќ, родена во Скопје, почина во Загреб каде живееше од 1948 година. Во својата атлетска кариера, Бабовиќ два пати беше светски студентски и балкански првак на 80 метри со пречки, а титулата државен првак ја освојуваше рекордни 17 пати во поранешна Југославија.

    Во 1957 година започна долга и успешна кариера во спортското новинарство како коментатор на Радио телевизија Загреб, станувајќи заштитен знак на телевизиските преноси од уметничко лизгање на просторите на поранешна СФРЈ, поради нејзиниот специфичен начин на коментирање.

    За време на Олимписките игри во Лејк Пласид во 1980, работеше како инструктор на ЕБУ (Евровизија) за помош на организација на олимписките преноси. За потребите на Олимписките игри во Сиднеј 2000 учествува во изработка на протоколот за следење модерен петобој, а за Олимпијадата во Солт Лејк Сити во 2002 и за протоколот за следење лизгање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира