ОГРОМЕН ИСЧЕЗНАТ ГРАД НА МАИТЕ СЛУЧАЈНО ОТКРИЕН ПОД ЏУНГЛА ВО МЕКСИКО

    ОГРОМЕН ИСЧЕЗНАТ ГРАД НА МАИТЕ СЛУЧАЈНО ОТКРИЕН ПОД ЏУНГЛА ВО МЕКСИКОНема познати фотографии од градот наречен Валеријана, кој е втор по густина, веднаш по Калакмул (Фото: Гети)

    Огромен град на Маите е откриен векови откако исчезнал под џунгла во Мексико. Археолозите пронашле пирамиди, спортски игралишта, насипи што ги поврзуваат областите и амфитеатри.

    Скриениот комплекс, на кој му беше дадено името Валеријана, е откриен со помош на лидар, радар кој мапира структури закопани под вегетација. Истражувачите веруваат дека е втор по густина, веднаш по Калакмул, кој се смета за најголемото место на Маите во древна Латинска Америка.

    Локалитетот бил откриен случајно, кога еден археолог пребарувал податоци на интернет.

    Бев можеби на 16. страница од пребарувањето на Гугл, кога пронајдов радарско истражување спроведено од мексиканска организација за мониторинг на животната средина“, изјави Лук Олд-Томас, докторанд по археологија од САД.

    Кога ги обработил податоците со методи користени од археолозите, тој видел она што другите го пропуштиле: огромен древен град кој можеби бил дом на 30.000-50.000 луѓе на својот врв меѓу 750 и 850 година.

    Тоа е повеќе од бројот на луѓето кои сега живеат во тој регион“, додаде Олд-Томас.

    Археолозите не можат да кажат што довело до пропаѓањето и напуштањето на градот, но климатските промени би можеле да бидат важен фактор.

    Валеријана имала особини на главен град, се простирал на 16,6 квадратни километри, имал два плоштада со пирамиди и над 6.000 структури. Нема познати фотографии од изгубениот град зашто никогаш никој не бил таму, а ни се криеше пред очи“, велат истражувачите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира