ОСНОВАЧОТ НА „АМАЗОН“ ЏЕФ БЕЗОС СЕ РАЗВЕДУВА ОД СОПРУГАТА ПО 25 ГОДИНИ БРАК

    ОСНОВАЧОТ НА „АМАЗОН“ ЏЕФ БЕЗОС СЕ РАЗВЕДУВА ОД СОПРУГАТА ПО 25 ГОДИНИ БРАКБезос на Твитер напиша дека со Мекензи ќе имаат прекрасна иднина како родители, пријатели, партнери во проекти и индивидуалци во авантурите (Фото: „Бизнис инсајдер“)

    Основачот на „Амазон“ Џеф Безос преку Твитер објави дека се разведува од неговата сопруга Мекензи Безос, по 25 години брак.

    „Како што знаат нашето семејство и најблиски пријатели, после долг период на истражување на нашата љубов, одлучивме да се разведеме и да ги продолжиме нашите животи како пријатели. Ако знаевме дека после 25 години ќе се разделиме, повторно ќе го направевме истото“, вели Безос во твитот.

    Во твиот, тој додава дека и двајцата се неверојатно среќни дека се запознале и дека поминале 25 години заедно, и дека „ќе имаат прекрасна иднина како родители, пријатели, партнери во проекти и индивидуалци во авантурите“.

    Безос, кој го основал „Амазон“ пред 25 години, денес важи за најбогатиот човек на светот (135 милијарди долари, според индексот на „Блумберг“). „Амазон“ го надмина „Мајкрософт“ и за првпат стана највредната компанија на светот. Гигантот во онлајн продажба достигна вредност од 797 милијарди долари, откако акциите му пораснале за 3,4%, избивајќи пред „Мајкрософт“, кој вреди 789 милијарди.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари