„ОТЕКУВАМ, НО НЕ СЕ ПОВЛЕКУВАМ“, ДЕЦАТА ПРЕКУ ИГРИ ЌЕ УЧАТ ЗА РЕТКА БОЛЕСТ ВО ПАРКОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА ВО СКОПЈЕ

    „ОТЕКУВАМ, НО НЕ СЕ ПОВЛЕКУВАМ“, ДЕЦАТА ПРЕКУ ИГРИ ЌЕ УЧАТ ЗА РЕТКА БОЛЕСТ ВО ПАРКОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА ВО СКОПЈЕДеца со болеста херидитарен ангиодем и нивните другарчиња лани учествуваа на спортската манифестација „Охрид трчаТ“ на која пациентите со ретки болести добија голема поддршка и од другите учесници (Фото: архивска фотографија)

    Работилница за деца под мотото „Отекувам, но не се повлекувам-цртам“ утре ќе се оддржи кај мобилната галерија во паркот на Франкофонијата. Преку игри и цртежи на децата ќе им бидат објаснети симптомите на ретката болест херидитарен ангиодем (ХАЕ), бидејќи и меѓу нив има деца кои страдаат од оваа болест и се чувствуваат издвоени од средината во која растат.

    Работилницата почнува во 11 часот, а ја организира здружението ХАЕ Македонија заедно со училиштето за странски јазици „Лион“. Од ХАЕ Македонија велат дека целта е кај децата на креативен начин да и се долови чувството што значи со оток на рацете и или на нозете истовремено да се црта, трча и се она што значи секојдневие за децата со ХАЕ.

    „Сочувството и емпатијата се учат од мали нозе и се состојат во тоа да се осети како е да се биде во чевлите на другиот. Преку игри и активности, децата ќе имаат можност да ‘доживеат’ како нивните пријатели со ХАЕ трчаат, цртаат и пишуваат со оточиња на рацете или на нозете, но исто така и како успеваат да се забавуваат и да создаваат убави работи и покрај тоа што имаат ретка болест“, вели Наташа Јовановска Поповска, претседател на ХАЕ Македонија .

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира