ПАНК-ИКОНАТА ЏОНИ РОТЕН НЕ УСПЕА ДА БИДЕ ИРСКИ ПРЕТСТАВНИК НА ЕВРОВИЗИЈА

    ПАНК-ИКОНАТА ЏОНИ РОТЕН НЕ УСПЕА ДА БИДЕ ИРСКИ ПРЕТСТАВНИК НА ЕВРОВИЗИЈАЛајдон рече дека „Хаваи“ ја посветил на неговата сопруга Нора, која има Алцхајмерова болест. (Фото: АП)

    Панк-иконата Џон Лајдон, чие панкерско име е Џони Ротен, не успеа да стане претставник на Ирска за Евровизија. Поранешниот фронтмен на „Секс пистолс“ ја изведе песната „Хаваи“ со неговиот пост-панк бенд „Паблик имиџ ЛТД“ на националниот избор за музичкиот натпревар во мај.

    Жирито и публиката ја избраа песната „Ние сме едно“ (We Are One) од групата „Влајд јут“ да биде ирски претставник на Евровизија. „Хаваи“ беше на четвртото место од шест финалисти.

    Лајдон е роден во Лондон, од родители Ирци. Тој изјави дека „Хаваи“ ја посветил на неговата сопруга Нора, која има Алцхајмерова болест.

    Годинашната Евровизија ќе се одржи во Ливерпул. Лани победи Украина, но се откажа од организирањето поради војната со Русија и организацијата ја презеде Велика Британија, бидејќи на второ место беше британскиот пејач Сем Рајдер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира