ПАПАТА ДОБИ ДРЕС НА МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ОД ПЕНДАРОВСКИ

    ПАПАТА ДОБИ ДРЕС НА МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ОД ПЕНДАРОВСКИПапата Фрањо е познат како голем љубител на фудбалот (Фото: Фејсбук)

    Претседателот Стево Пендаровски му подари дрес на македонската фудбалска репрезентација на папата Фрањо на денешната средба во Рим. Станува збор за новиот дрес што најдобрите македонски фудбалери ќе го носат на претстојното Европско првенство, до чиј почеток остануваат уште 15 дена.

    „Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Нека донесе среќа и нови успеси и победи на претстојното Европско првенство“, објави Пендаровски на Фејсбук.

    По потекло од Аргентина, папата Фрањо е познат како голем љубител на фудбалот и е навивач на аргентинскиот клуб Сан Лоренсо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира