ПЕТ ГРЧКИ УНИВЕРЗИТЕТИ В САБОТА ВО БИТОЛА ЌЕ ГИ ПРЕТСТАВАТ СВОИТЕ СТУДИИ

    ПЕТ ГРЧКИ УНИВЕРЗИТЕТИ В САБОТА ВО БИТОЛА ЌЕ ГИ ПРЕТСТАВАТ СВОИТЕ СТУДИИСекој универзитет ќе ги презентира и специфичностите на градовите во кои опстојува, вклучувајќи го социјалниот студентски живот и животните трошоци. (Фото: Асоцијација Пелагонија)

    Можностите и начините за студирање и соработки на сите циклуси на студии од пет универзитети од Грција ќе бидат претставени во Битола на 3 април, во 11 часот. Презентацијата е насловена „Учи грчки – Студирај во Грција“, а домаќин на настанот е Асоцијацијата Пелагонија, сертифициран центар за изучување и испитен центар за сертифицирање на познавањето на грчкиот јазик за територијата на Северна Македонија со седиште во Битола.

    Ќе бидат претставени: Универзитетот на Западна Македонија (University Of Western Macedonia), Универзитетот на Janina (University of Ioannina), Универзитетот во Атина (National and Kapodistrian University of Athens), како и Универзитетите на Македонија и на Крит. За време на презентацијата ќе бидат претставени додипломските студии на универзитетите, постдипломските и докторските студии, како и можностите за истражување и академски соработки.

    Меѓу другото, секој универзитет ќе ги презентира и специфичностите на градовите во кои опстојува, вклучувајќи го социјалниот студентски живот и, особено, животните трошоци.

    Настанот ќе се пренесува во живо на фејсбук страницата @PelagoniaAssociation, како и на Јутјуб каналот Pelagonia Association, со комуникација на англиски јазик.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира