ПЕТТЕ КАПЕТАНИ ОД ЅВЕЗДЕНИ ПАТЕКИ МАТЕРИЈАЛИЗИРАНИ НА ПОШТЕНСКИ МАРКИ

    ПЕТТЕ КАПЕТАНИ ОД ЅВЕЗДЕНИ ПАТЕКИ МАТЕРИЈАЛИЗИРАНИ НА ПОШТЕНСКИ МАРКИКапетанот Жан-Лук Пикард од серијата „Ѕвездени патеки: Следната генерација“, која се емитуваше од 1987 до 1994 година на поштенска марка. (Фото: Ројтерс)

    Фановите на „Ѕвездени патеки“ сега можат да ги искористат омилените ликови од Ѕвездената флота да испратат пошта, благодарение на новата колекција од седум поштенски марки издадени од Канадската пошта.

    Колекцијата поштенски марки ги содржи капетаните од петте серии „Ѕвездени патеки“ , како и дел од негативците. (Фото: Ројтерс)

    Марките, продолжение на колекцијата издадена минатата година по повод 50-годишнината од оригиналната телевизиска серија, ги вклучуваат капетаните од секоја од петте серии „Ѕвездени патеки“. На марките се претставени и дел од негативците во серијата.

    Шестата марка е со шатлот „Галиео“, кој првпат се појави во оригиналната серија во 1966 година. Седмата е со Борг коцка и со ликот Седум од девет.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира