ПИЈАН БРИТАНЕЦ ПРЕЖИВЕАЛ СКОК ОД 221 МЕТАР ОД БРАНА НА КОЈА ШТО ЗАГИНАЛЕ 275 ЛУЃЕ

    ПИЈАН БРИТАНЕЦ ПРЕЖИВЕАЛ СКОК ОД 221 МЕТАР ОД БРАНА НА КОЈА ШТО ЗАГИНАЛЕ 275 ЛУЃЕЗа својата лудост, од полицијата добил казна од 330 долари. - Арон Хјуз (Фото: Гардијан)

    Британецот Арон Хјуз преживеал скок од 221 метар од браната „Хувер“ и потоа ја препливал реката Колорадо, по што добил казна од полиција.

    Дваесет и осумгодишниот Хјуз дошол на оваа идеја додека славел ергенска вечер во Лас Вегас и се верува дека е првиот кој успеал да преживее ваква лудост. Во тоа му помогнал и фактот што во тој момент биле исклучени девет од десетте турбини на хидроцентралата, на која што во последните десет години загинале 275 луѓе.

    „Во Вегас доаѓаш за добра забава, нели? Ние направивме филмот ‘Мамурлак‘ да изгледа многу слаб. Надвор беше многу топло. Стоевме на браната и во еден момент им реков на другарите одам да пливам. Застанав на работ и си реков можам да го направам тоа. Тие ме охрабруваа да скокнам“, изјави Хјуз за весникот „Дејли пост“.

    Тој вели дека му требале 30 минути да го преплива резервоарот и со тоа станал прв човек на кој ова му успеало.

    Кога стигнал до брегот, го дочекало изненадување: тој бил уапсен, но поминал само со казна од 330 долари.

    „Не сум знаел дека ова е забрането. Сега сите мислат дека сум легенда. Освен мајка ми, таа ми рече дека сум идиот“, откри Хјуз.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари