ПИЦЕРИЈА „КОЗА НОСТРА“, ПАСТА „ПАТРОН“, ЗАЧИН „МАФИЈА ШУТИНГ“, ИТАЛИЈАНЦИТЕ СЕ ЛУТАТ КОГА СТРАНЦИТЕ ГО КОРИСТАТ ЗБОРОТ „МАФИЈА“ ЗА РЕКЛАМА НА ИТАЛИЈАНСКИТЕ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ

    ПИЦЕРИЈА „КОЗА НОСТРА“, ПАСТА „ПАТРОН“, ЗАЧИН „МАФИЈА ШУТИНГ“, ИТАЛИЈАНЦИТЕ СЕ ЛУТАТ КОГА СТРАНЦИТЕ ГО КОРИСТАТ ЗБОРОТ „МАФИЈА“ ЗА РЕКЛАМА НА ИТАЛИЈАНСКИТЕ СПЕЦИЈАЛИТЕТИ„Сметав дека треба да биде нешто италијанско кое брзо се памти“, вели Петра Брату, сопственичка на ресторнот „Коза ностра“ во Келн (Фото: ДПА)

    Натписот „Коза ностра“ стои над влезот во ресторанот во Келн. До него има и силуета на маж со шапка, и напишано: „Само за почесни гости!“.

    „Коза ностра“ е името на сицилијанската мафија, одговорна за безбројни убиства. Но, називот очигледно не им го уништува апетитот на муштериите. Голем број земји, меѓу кои и Германија, го користат зборот мафија за маркетинишки цели. Во Хановер на пример, има достава на пица „Мафија пица експрес“, во Берлин има „Кум на колбасите“, во Дрезден има „Моја мафија“, во Париз има бар „Корлеоне“. Има и тестенини во форма на пиштол „Паста патрон“, како и мешавина од зачини „Палермо мафија шутинг“.

    Но, италијанската асоцијација за агрикултура Колдирети, не е баш среќна.

    „Злоупотребата на зборови врзани со мафијата е бизнис кој го уништува имиџот на италијанските производи“, вели претседателот на асоцијацијата Еторе Прандини. Овие стереотипи, вели тој, служат за тривијализација на проблемот „кој донесе толку болка и гнев во целата земја“.

    Проблемот на Италија со мафијата беше тема на неодамнешна конференција на Еуропол во Хаг, на која единицата за антимафија во италијанската полиција дискутираше за стратегии за откривање на организираните криминални банди.

    „Сметав дека треба да биде нешто италијанско кое брзо се памти“, вели Петра Брату, сопственичка на ресторнот „Коза ностра“ во Келн.

    Паола Пентасуља од Рим е одговорна на одделот за превентивни истраги. Таа смета дека е апсурдно кога пицерии во странски земји го користот називот мафија.

    „Со тоа се тривијализра криминален феномен кој предизвика толку многу смрт“, вели таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира