„ПИВАРА СКОПЈЕ“ НАГРАДЕНА ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ ВО 2019

    „ПИВАРА СКОПЈЕ“ НАГРАДЕНА ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ ВО 2019Компанијата освои награди за три свои успешни проекти (Фото: Пивара Скопје)

    „Пивара Скопје“ доби награди за најдобри општествено одговорни практики, што ги доделуваат Министерството за економија и Националното координативно тело за општествена одговорност.

    Таа ја освои највисоката награда во категоријата „Вложување во заедницата“ – Статуетка за најдобра општествено одговорна практика за 2019 за реализацијата на долгорочниот проект за бесплатни обуки за млади „Вештини за успех“, додека во категоријата „Етичко управување“ доби Плакета за проектот „Обуки за вработените за етичко управување“.

    Компанијата доби признание и за третиот проект, за унапредување на благосостојбата на вработените во рамките на Програмата за обликување на компаниската култура.

    „Исклучително сме среќни и горди на овие значајни награди, што ги доживуваме како верификација на постојаните, долгорочни вложувања и напори на нашата компанија и на сите нејзини вработени. Сите наши општествено одговорни активности и платформи се спроведуваат во текот на целокупното работење на ‘Пивара Скопје‘ и тоа во многу различни области, како едукација и развој на младите, обезбедување чиста животна средина, заштита на водните ресурси, унапредување на здравјето и безбедноста, афирмирање на полова рамноправност и други“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во „Пивара Скопје“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира