ПОЛ МАКАРТНИ ДОНИРАШЕ ИНТИМНИ ФОТОГРАФИИ СНИМЕНИ ОД ПРВАТА ЖЕНА ЛИНДА НА ЛОНДОНСКИ МУЗЕЈ

    ПОЛ МАКАРТНИ ДОНИРАШЕ ИНТИМНИ ФОТОГРАФИИ СНИМЕНИ ОД ПРВАТА ЖЕНА ЛИНДА НА ЛОНДОНСКИ МУЗЕЈМеѓу 63 слики донирани на лондонскиот музеј, се оригинални полароиди на семејството Макартни кои никогаш досега не биле претставени во јавноста, како и фотографии на „Битлси“ и портрети на рок-икони

    Сер Пол Макартни донираше 63 интимни семејни фотографии и портрети на славни личности снимени од неговата прва жена Линда Макартни, на новиот центар за фотографија на музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон. Линда Макартни, која почина од рак на дојка во 1998 на 56 години, беше позната фотографка која во 1967 беше прогласена за американски женски фотограф на годината, истата година кога го запозна Пол во ноќен клуб во Лондон.

    Автопортерт на Линда Макартни од 1969

    Таа во 1968 стана првата жена која фотографирала насловна страна на списанието „Ролинг стоун“, со Ерик Клептон. Во 1974, таа и Пол беа заедно на насловната на реномираното списание.

    Двојката се венча во 1969 и има четири деца – Стела, Хедер, Мери и Џејмс. Пол од 2002 до 2008 беше во брак со Хедер Милс, а од 2011 е со Ненси Шивил.

    Пол и Мери Макартни во Шкотска во 1970

    Меѓу 63 слики донирани на лондонскиот музеј се оригинални полароиди на семејството Макартни кои никогаш досега не биле претставени во јавноста, фотографии на „Битлси“, портрети на рок-икони, како на членовите на „Ролинг стоунс“ или Џими Хендрикс.

    Кураторот за фотографија на Музејот, Мартин Барнс го посети семејството Макартни за да помогне во изборот на сликите.

    Фотографија од креаторката Стела Макартни, сликана во Аризона во 1994

    „На некој начин, се обидував да не размислувам за семејната поврзаност и само да ја гледам работата”, рече тој. „Мислам дека Линда имаше имаше око за фаќање на изминатиот момент”.

    Селекција од сликите на Линда Макартни ќе биде изложена на 12 октомври.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира