ПОРНОЅВЕЗДАТА РОН ЏЕРЕМИ СЕ БОРИ ЗА СПАС НА ДРВОТО ШТО ГО ПОСАДИЛ ТАТКО МУ

    ПОРНОЅВЕЗДАТА РОН ЏЕРЕМИ СЕ БОРИ ЗА СПАС НА ДРВОТО ШТО ГО ПОСАДИЛ ТАТКО МУЏереми вели дека цел живот се грижи за дрвото во Квинс (Фото: Твитер)

    Легендата на порнофилмовите Рон Џереми ја повика јавноста да му помогне да го спаси дрвото што го посадил татко му.

    Дрвото се наоѓа покрај булевар во њујоршката област Квинс и Џереми тврди дека е посадено на денот кога се родил, 12 март 1953 година.

    „Помогнете ми да го спасам моето дрво! Ова дрво е посадено од татко ми на денот кога сум роден. Не му дозволувајте на ‘Кон Едисон‘ да го исече“, напиша Џереми на Твитер.

    „Кон Едисон“, една од најголемите енергетски компании во САД, вели дека дрвото се наоѓа на јавно земјиште и дека претставува опасност за околните електрични линии.

    „Се грижев за тоа дрво цел живот. Се обидоа да го исечат пред многу години, но не им дозволив и дури се врзав за него“, вели Џереми.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира