ПОСЕТАТА НА ЛОНДОН ОТКАЖАНА, НО ВОСОЧНА ФИГУРА НА ТРАМП СЕ ПОЈАВИ ПРЕД АМЕРИКАНСКАТА АМАБАСАДА

    ПОСЕТАТА НА ЛОНДОН ОТКАЖАНА, НО ВОСОЧНА ФИГУРА НА ТРАМП СЕ ПОЈАВИ ПРЕД АМЕРИКАНСКАТА АМАБАСАДАВосочната фигура на американскиот претседател Доналд Трамп пред новата зграда на мабасадата во Лондон денес ја постави музејот за восочни фигури Мадам Тисо (Фото: ДПА)

    Доналд Трамп ја откажа планираната посета на Британија, но музејот за восочни фигури „Мадам Тисо“ обезбеди лондончани и покрај сè да го видат американскиот претседател. Откако Трамп ја откажа посетата, музејот денес постави восочна фигура на Трамп пред новата американска амбасада во Лондон.

    „Трамп ја откажа посетата, и ние се вклучивме“, напиша музејот на Твитер, објавувајќи фотографија од восочната фигура пред зградата на Најн Елмс во југозападен Лондон, која треба да се отвори следниот месец.

    „Секако беше изненадување за работниците на амбасадата“, соопшти музејот.

    Неколку градежни работници позираа со лажниот Трамп, а еден новинар глумеше дека ја интервјуира восочната фигура.

    Во лондонскиот музеј има восочна фигура на Трамп во реплика на овалната соба на американските претседатели, заедно со другите светски лидери и политичари.

    „Првата фигура на Доналд беше претставена во Мадам Тисо во Њујорк во 1997 година, многу пред тој да влезе во светот на политиката. За првата фигура на Доналд беа направени стотици мерења и фотографии, за да се создаде совршена реплика“, вели музејот.

    Планираната посета на Трамп следниот месец вклучуваше отворање на новата американска амбасада во Лондон, но тој на Твитер кажа дека не му се допаѓа зградата и дека неговиот претходник Барак Обама направил лош финансиски договор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира