ПРЕСУШЕНО ЕЗЕРО ОТКРИ СЕЛО НА ДУХОВИ ВО ШПАНИЈА

    ПРЕСУШЕНО ЕЗЕРО ОТКРИ СЕЛО НА ДУХОВИ ВО ШПАНИЈАСелото Асередо беше потопено во 1992 за да се изгради брана (Фото: Гети)

    Село на духови се појави на површина откако долготрајната суша речиси испразни акумулациско езеро на шпанско-португалската граница.

    Селото Асередо во северозападниот шпански регион Галиција беше замрзнато во времето во 1992 година, кога беше потопено за да се изгради браната Алто Линдосо. Неговите морничави сиви урнатини почнаа да привлекуваат туристи откако езерото падна на 15% од капацитетот.

    (Фото: Гети)

    „Ова е како да гледам филм. Многу е тажно“, изјави 65-годишниот Максимино Перес Ромеро од Ла Коруња.

    Шетајќи наоколу по каллива земја, посетителите можат да видат остатоци од голем број куќи и други објекти кои некогаш го сочинувале селото.

    (Фото: Гети)

    Марија дел Кармен Јањес, градоначалничката на Лобиос, на кој му припаѓа Асередо, вели дека ваквата ситуација со езерото најмногу се должи на неколкумесечен период без дожд, а сушата дополнително би можела да се влоши во наредните недели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира