ПРИЈАТЕЛИТЕ ПОВЕЌЕ НИ ГО ЧУВААТ ЗДРАВЈЕТО ОТКОЛКУ ЖИВОТНИТЕ ПАРТНЕРИ, ДИЕТИТЕ И ВЕЖБАЊЕТО, ПОКАЖА НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

    ПРИЈАТЕЛИТЕ ПОВЕЌЕ НИ ГО ЧУВААТ ЗДРАВЈЕТО ОТКОЛКУ ЖИВОТНИТЕ ПАРТНЕРИ, ДИЕТИТЕ И ВЕЖБАЊЕТО, ПОКАЖА НОВО ИСТРАЖУВАЊЕЛицата со силни пријателства имаат подобро ментално здравје и се во подобра физичка форма. (Фото: СДК.МК)

    Пријателите се неопходни за здрав живот, тие се еднакво важни за општата состојба на човекот како и здравата исхрана и добриот сон, покажа истражувањето на Мариса Г. Франко, професорка на Универзитетот во Мериленд и авторка на „Платонска врска: Како науката на врските може да ви помогне да добиете и да ги зачувате пријателствата“.

    Прептоварени сме со пораките, вели таа, дека љубовните врски се најважни. Но, платонските врски ги победуваат љубовните на многу начини.

    Лицата со силни пријателства имаат подобро ментално здравје и се во подобра физичка форма. Експертите утврдиле дека големите кругови на пријателства повеќе го намалуваат ризикот од смрт, отколку вежбањето или диетите.

    Шестгодишно истражување на 736 средовечни мажи од Шведска покажа дека животниот парнер не влијае врз ризикот на срцев удар или фатална срцева болест, но да се има пријатели влијае. Десетгодишно истражување од Австралија покажа дека кај повозрасните лица кои имаат голем круг на пријатели, за 22 отсто се намалува ризикот од смрт од тие кои имаат помалку пријатели. Докажано е дека да се има широк круг на деца и роднини не влијае на процентот за долга старост.

    „Ни треба голем круг на пријатели за да се чувствуваме комплетни. Да се биде во друштво на повеќе луѓе ни носи секакви аспекти на нашиот идентитет“, вели Франко.

    Има голем број на теории за поврзаноста на пријателството и доброто здравје. Факт кој влијае на тоа е дека за лицата кои се здрави, полесно им е да склопуваат пријателства. Тука и е психолошкиот ефект на пример, пријателите ни помагаат полесно да се справиме со стресот.

    Пријателството се чини дека влијае на нашиот имунолошки систем. Во една студија, на 276 здрави волонтери им биле дадени капки за нос кои содржеле вирус на настинка. Оние со различни кругови на пријатели имале помала веројатност да развијат симптоми на настинка.

    Франко забележува дека терминот „платонска љубов“ првично бил наменет да ја одрази визијата на Платон за љубовта „толку моќна што ја надминува физичката“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира