Британското кралско семејство го очекува нова свадба во 2018 година, откако принцот Хари објави дека ќе се жени.
Како што беше објавено од кралската резиденција Кларенс, принцот и неговата девојка, актерката Меган Маркл, ќе прават свадба на пролет.
„Пресреќен сум што можам да ја објавам нашата свршувачка. Добив благослов од семејството на Меган“, изјави Хари, кој е петти во редот за наследувањето на кралската круна.
Триесет и тригодипниот Хари е во врска со три години повозрасната американска актерка од ноември минатата година, но сѐ до неодамна ретко се појавуваа заедно во јавност.