ПРИВАТНОТО СЕМЕЈНО ОСИГУРУВАЊЕ НА „ЕУРОЛИНК“ МОЖЕ ДА СЕ КУПИ И ОНЛАЈН

    ПРИВАТНОТО СЕМЕЈНО ОСИГУРУВАЊЕ НА „ЕУРОЛИНК“ МОЖЕ ДА СЕ КУПИ И ОНЛАЈН

    Онлајн купување на полиса за приватно семејно здравствено осигурување е новата понуда на компанијата „Еуролинк осигурување“. Понудата овозможува здравствена заштита и лекување на целото семејство во најдобрите и најмодерни приватни и здравствени установи во државава и во Европа. Во полисата се вклучени сите општи и специјалистички прегледи без ограничување, како и превентивни прегледи по избор и потреба на осигуреникот.

    „Можноста за онлајн купување на приватно здравствено осигурување за целото семејство претставува иновација за македонскиот осигурителен пазар, зад која стои модерна технологија и софистицирана техничка поддршка“, велат од компанијата.

    Процесот на пополнување на прашалник за здравствена заштита се врши електронски, безбедно и доверливо, а граѓаните добиваат осигурување или одговор веднаш. Приватното семејно здравствено осигурување нуди три различни пакети создадени според потребите на модерното семејство и тоа: Старт, Комфор и Премиум, како и 24/7 телефонска поддршка и можност за навремено реагирање во кој било дел од денот.

    Промотивен период за активирање на новата понуда е до 15 ноември, кога граѓаните ќе можат да купат онлајн полиса за приватно семејно здравствено осигурување со попуст од 5 отсто на основниот пакет. Со оваа полиса „Еуролинк“ покрива трошоци за сместување во приватни болници по принцип на директна исплата на болничките трошоци кон болниците, без да го оптовари семејниот буџет на своите осигуреници.

    „Голема придобивка е можноста осигурениците да се лекуваат кај лекар и во здравствена установа по сопствен избор, што овозможува навремена и квалитетна здравствена заштита во моменти на итност. По барање на клиентите, ‘Еуролинк осигурување’ ја прошири својата понуда со можност за покривање на трошоци за породување и неинванзивни пренатални тестови, како и офталмолошко и стоматолошко лекување“, велат од „Еуролиинк“.

    Сите информации се достапни на интернет продавницата и на веб-страницата на „Еуролинк“

    http://www.eurolink.com.mk/eshop_pocetna.asp

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира