ПРВИОТ ЖЕНСКИ ЕКИПАЖ УТРЕ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПРОШЕТКА ВО ВСЕЛЕНАТА

    ПРВИОТ ЖЕНСКИ ЕКИПАЖ УТРЕ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПРОШЕТКА ВО ВСЕЛЕНАТАЏесика Меир и Кристина Кох ќе останат надвор од Меѓународната вселенска станица пет и пол часа (Фото: АП)

    Првата прошетка на женски екипаж во вселената во 61-годишната историја на НАСА конечно треба да се случи утре.

    Астронаутките Кристина Кох и Џесика Меир требаше да излезат од Меѓународната вселенска станица на 21 октомври, но нивната историска екскурзија беше поместена за три дена порано. Задачата на Кох и Меир ќе биде да го заменат уредот за полнење батерии, на кој се појавија проблеми оваа недела.

    „Вселенската прошетка на Кох и Меир најрано ќе се случи в петок“, напишаа вчера од Меѓународната вселенска станица на Твитер.

    Според НАСА, прошетката би требало да трае околу пет и пол часа. Тие ќе заменат регулатор за енергија, кој беше во функција од 2000 година, но не се активираше откако неодамна беа ставени нови литиум-јонски батерии.

    Кетрин Саливен во 1984 година стана прва жена која излегла во вселенска прошетка и иако оттогаш тоа го направија уште 14 астронаутки, тие секогаш биле придружувани од машки колега.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари