ПТИЦИТЕ ПЕАТ ЛОШО ПОРАДИ БУЧАВАТА ОД СООБРАЌАЈОТ, ВЕЛАТ ГЕРМАНСКИ НАУЧНИЦИ

    ПТИЦИТЕ ПЕАТ ЛОШО ПОРАДИ БУЧАВАТА ОД СООБРАЌАЈОТ, ВЕЛАТ ГЕРМАНСКИ НАУЧНИЦИБучавата од сообраќајниот метеж го ослабнува имунолошкиот систем на птиците. (Фото: ДПА)

    Познато е колку се штетни издувните гасови од бензинот и дизелот за човечкото здравје и животната средина, но новина е дека бучавата од сообраќајот влијае врз птиците. Пилињата, исто како и бебињата се особено осетливи на бучава, а научниците велат дека бучавата од автомобилите и камионите по патиштата им отежнува на младите птици да научат да пејат.

    Ново истражување на Германскиот институт за орнитологија „Макс Планк“ открива дека бучавата од сообраќајниот метеж предизвикува „неточности и одложувања“ кога младите птици учат да пеат. Исто така, го ослабнува нивниот имунолошки систем.

    „Нашите откритија покажуваат дека младите птици, исто како и човечките деца, се особено осетливи на ефектите од бучавата поради нејзиниот потенцијал да се меша со учењето во критична фаза на развој“, рече Хенрик Брум, шеф на меѓународниот истражувачки проект.

    Тие дури веруваат дека бучавата може да ја промени самата птичја песна на долг рок, бидејќи грешките што ги прават птиците при копирање на другите птици во бучни околини, веројатно ќе се соберат кога ќе се пренесуваат песните.

    За потребите на истражувањето, научниците споредувале пилиња во гнезда од две групи, на едните им пуштале песни од возрасни птици, а на другите бучава од патишта. Откриле дека птиците од гнездото со бучава имале послаб имунолошк систем, т. е, стресот влијаел на нивното здравје. Исто така, нивниот гласовен развој бил задоцнет и нивната точност во совладувањето на пеењето била значително пониска. Тие во подоцнежните испитувања го достигнале потребното ниво, но сепак велат тие, последиците на долг рок не може да се исклучат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира