ПУТИН ДАДЕ НАЈМАЛКУ ОСУМ ГОЛОВИ НА ХОКЕЈАРСКИ МЕЧ, ПА ПАДНА ПРИ ПОЧЕСНИОТ КРУГ

    ПУТИН ДАДЕ НАЈМАЛКУ ОСУМ ГОЛОВИ НА ХОКЕЈАРСКИ МЕЧ, ПА ПАДНА ПРИ ПОЧЕСНИОТ КРУГПутин бил најдобар стрелец на натпреварот на кој игра веќе седум години (Фото: Кремљ)

    Рускиот претседател Владимир Путин постигна најмалку осум голови на егзибициски хокејарски натпревар во Сочи, пред да се сопне и падне на мразот додека ѝ отпоздравуваше на публиката за време на почесниот круг.

    Путин, кој стана без последици, играше со поранешни ѕвезди на северноамериканската НХЛ, на настан што веќе се претвори во годишна традиција. Тој играше за тимот на Легенди заедно со имиња како Вјачеслав Фетисов, Павел Буре и Слава Фетисов.

    Новинските агенции АП и „Ројтерс“ објавија дека 66-годишниот Путин дал осум голови во победата од 14:7, но во официјалното соопштение на Кремљ стои дека бил најдобар стрелец на мечот се десет. Неговиот соиграч, министерот за одбрана Сергеј Шојгу, додаде уште три гола.

    Путин играше како централен напаѓач во дрес со број 11 и неговите соиграчи му асистираа за голем број шанси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира