ПУТИН ДОАЃА НА СВАДБАТА НА АВСТРИСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

    ПУТИН ДОАЃА НА СВАДБАТА НА АВСТРИСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИПутин ќе скокне на свадбата на Карин Кнајсел пред да се сретне со Ангела Меркел во Берлин (Фото: Гети)

    Владимир Путин ќе присуствува на утрешната свадба на австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсел, што предизвика гнев меѓу критичарите, кои сметаат дека тоа го поткопува односот на Европската Унија кон Русија во спорот со Украина.

    Рускиот претседател ќе допатува утре попладне за да им наздрави на младоженците, Кнајсел и бизнисменот Волфганг Мајлингер, на церемонијата што ќе се одржи во вински регион во Штаерска. Истата вечер, тој има закажано средба со Ангела Меркел во Берлин.

    Министерството за надворешни работи на Австрија го опиша доаѓањето на Путин како приватна посета, но тоа, сепак, ќе биде проследено со силни безбедносни мерки, карактеристични за гостувањата на странски државници. Кнајсел и Путин се запознаа на самитот со Џорџ Буш во Словенија, што се одржа во јули 2001.

    „Тоа ќе биде приватна прослава и приватна посета. Тоа не ја менува позицијата на Австрија во надворешната политика“, кажа портпаролот на министерството.

    Кнајсел стана министерка како независен кандидат, на предлог на антиимигрантската Слободарска партија, која е партнер во владејачката коалиција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира