РАМИ МАЛЕК ЌЕ ГО ОЖИВЕЕ ФРЕДИ МЕРКЈУРИ НА ФИЛМ

    РАМИ МАЛЕК ЌЕ ГО ОЖИВЕЕ ФРЕДИ МЕРКЈУРИ НА ФИЛМПремиерата на „Боемска рапсодија“ е предвидена за 25 декември 2018 година. - Рами Малек во улогата на Фреди Меркјури (Фото: Ентертејнмент викли)

    Харизматичниот пејач на „Квин“, Фреди Меркјури, ќе оживее на филмското платно наредната година и како ќе изгледа тоа, јавноста можеше да види на денот кога тој ќе го прославеше својот 71. роденден.

    Магазинот „Ентертејнмент викли“ ексклузивно ја објави првата фотографија од Рами Малек во улогата на легендарниот фронтмен и сличноста е неверојатна.

    „Кога ќе ги отвориш очите и ќе видиш друга личност како гледа во тебе од огледалото, тоа е навистина потврден момент“, изјави Малек.

    Премиерата на филмот „Боемска рапсодија“ е предвидена за 25 декември 2018 година и режисерот Брајан Сингер вели дека тоа нема да биде биографски филм, туку со него ќе се покрие еден значаен период од музичката историја, односно кариерата на „Квин“ од 1970 до 1985 година.

    Ова е најамбициозниот филмски проект на Рами Малек досега, кој се прослави со улогата на хакер во хит-серијата „Господин Робот“, за која ја освои и наградата „Еми“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира