„РАНЕТА ТРУДНИЦА ВО МАРИУПОЛ“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА НА ГОДИНАТА

    „РАНЕТА ТРУДНИЦА ВО МАРИУПОЛ“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА НА ГОДИНАТАСнимена за агенцијата АП, фотографијата е дело на Украинецот Евгени Малолетка

    Фотографија која ги прикажува последиците на рускиот воздушен напад на породилиштето во Мариупол е прогласена за новинарска фотографија на годината (World Press Photo of the Year). Снимена за агенцијата АП, фотографијата е дело на Украинецот Евгени Малолетка, еден од малкутемина фоторепортери кои ги документираа настаните во Мариупол за време на жестоката руска опсада.

    Фотографијата од 9 март 2022 ја прикажува 32-годишната ранета трудница Ирина Калинина како ја носат на носилки среде уништеното породилиште во Мариупол, набргу откако беше цел на руски воздушен напад. Нејзиното бебе Мирон се роди мртво, а половина час подоцна починала и Ирина.

    Дојдовме во Мариупол еден час пред почетокот на руската инвазија. Дваесет дена живеевме со болничарите во подрумот на болницата и со обични луѓе во засолништата, обидувајќи се да го прикажеме стравот со кој живеат Украинците“, изјави Малолетка.

    Тој и неговите украински колеги од АП, Мистислав Чернов и Василиса Степаненко, беа последните меѓународни новинари кои останаа во градот, пред да успеат да избегаат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира