Се појавија нови обвинувања против раперот Шон Диди Комбс, откако маж го обвини дека го дрогирал и го силувал во ноќен клуб во Њујорк во 2012.
Според судската пријава, човекот кој во тоа време имал 17 години бил поканет на приватната маса на Комбс, и испил повеќе чашки вотка.
Тужителот тврди дека откако се напил „почнал да станува дезориентиран“ и се чувствувал како „губи свест и контрола над своето тело“.
Комбс постојано ги негираше обвинувањата против него во голем број граѓански тужби, а претходно ги означи како „болни“.
Наведен во судските документи како Џон До, тужителот тврди дека бил одведен во задната соба во клубот „СоХо“ каде што луѓето користеле дрога. Во својот исказ, тужителот вели не бил при свест во еден дел од вечерта, а додека бил свесен што се случува, не можел да го спречи тоа.
Во соопштението се наведува дека „неодбранбениот“ тужител бил силуван од Комбс во задната соба на ноќниот клуб.
Во изјавата за Би-Би-Си како одговор на одделните федерални кривични обвиненија, адвокатот на Комбс рече: „Во судот ќе надвладее вистината: дека г-дин Комбс никогаш сексуално не нападнал или тргувал со некого – маж или жена, возрасен или малолетник“.
Новите обвинувања доаѓаат откако друг рапер, Канје Вест, го повика претседателот Доналд Трамп да му даде помилување на Комбс пред неговото претстојно судење.
24-кратниот добитник на Греми ја изрази својата поддршка на X, објавувајќи директна молба до Трамп: „Те молам ослободи го мојот брат Паф“.
На почетокот на февруари, адвокат кој ги застапуваше обвинетите рече дека има планови да се поднесат повеќе од 10 дополнителни граѓански тужби против Комбс. Комбс моментално се соочува со повеќе од 30 граѓански тужби за сексуален напад и недолично однесување. Тој е задржан во њујоршкиот затвор и го чека федералното кривично судење за сексуална трговија и рекет.