РАЗГОЛЕНА АКТИВИСТКА СЕ ОБИДЕЛА ДА УКРАДЕ СТАТУА НА ИСУС ВО ВАТИКАН

    РАЗГОЛЕНА АКТИВИСТКА СЕ ОБИДЕЛА ДА УКРАДЕ СТАТУА НА ИСУС ВО ВАТИКАН„Господ е жена“, извикала украинската активистка пред да се обиде да ја однесе статуата (Фото: Ројтерс)

    Разголена активистика од украинската феминистичка група Фемен се обидела да украде статуа од бебето Исус од плоштадот Свети Павле во Ватикан, но беше запрена од полицијата пред да ја однесе.

    Таа ја прескокнала безбедносната ограда и се стрчала кон поставената сцена на раѓањето на Исус, извикувајќи „Господ е жена“, а истата порака ја имала испишана и на грбот.

    „Дете не е од Господ, туку од жена. Затоа што жена е Господ“, објави Фемен на својата страница.

    Припадник на ватиканската полиција ја спречил во намерата и таа била приведена. Инцидентот се случил два часа пред папата Фрањо да ја прочита својата божиќна порака пред 50.000 верници на плоштадот.

    Според интернет-страницата на групата, станува збор за Алиса Виноградова, која се опишува како „секстремистка“. Целта на оваа група, основана во Украина, е целосна победа над патријархатот.

    Оваа група изведе слична акција и за Божиќ пред три години, исто така, неуспешна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира