РЕДОК ПОРТРЕТ ОД КАРАВАЏО ЗА ПРВПАТ ИЗЛОЖЕН ВО РИМ

    РЕДОК ПОРТРЕТ ОД КАРАВАЏО ЗА ПРВПАТ ИЗЛОЖЕН ВО РИМПортретот на монсињор Мафео Барберини, кој станал папа Урбан Осми во 17. век, е еден од ретките малкуте портрети што ги насликал Караваџо. (Фото: Палата Барберини)

    Портрет од барокниот сликар Караваџо, кој се чувал во приватна колекција откако бил откриен пред повеќе од 60 години, за првпат се изложува во јавноста во Палатата Барберини во Рим. Караваџо, чие вистинско име е Микеланџело Мериси, е мајстор на техниката на осветлување кјароскуро со која прави ликовите да изгледаат како да оживуваат.

    Се работи за портрет на монсињор Мафео Барберини, кој станал папа Урбан Осми во 17. век и бил голем покровител на уметноста.

    Се верува дека портетот бил во колекцијата на благородничкото семејство Барберини со векови пред да премине во приватни раце во средината на 1930-тите. Во 1963, познатиот уметнички критичар Роберто Лонги ја потврдил сликата како дело на Караваџо, кој завршил само неколку портети пред неговата смрт на 38 години, во 1610.

    „Од тој момент никогаш не е виден во ниеден музеј, никогаш не бил позајмен на изложба, па затоа ова е прво претставување пред јавноста “, изјави Томас Клемент Саломон, директор на Националната галерија за древна уметност.

    „Тоа не е повторно откриена слика, за неа се знае уште од 1960-тите, но оттогаш ја виделе само пет или шест специјалисти“, изјави историчарката на уметност Паола Ничита за агенцијата АНСА .

    Ова е еден од само неколкуте спасени портрети на Караваџо, бидејќи повеќето се изгубени или уништени, а ќе биде изложен од 23 ноември до 23 февруари 2025, соопшти музејот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира