РЕКОРДНИ 2.3 МИЛИОНИ ТУРИСТИ ГО ПОСЕТИЛЕ АУШВИЦ ВО 2019

    РЕКОРДНИ 2.3 МИЛИОНИ ТУРИСТИ ГО ПОСЕТИЛЕ АУШВИЦ ВО 2019Бројката на посетители се зголемила за 170 илјади во споредба со 2018. (Фото: АФП)

    Рекордни 2.3 милиони туристи лани го посетиле поранешниот нацистички концентрационен логор во Аушвиц, објави Меморијалниот музеј, во пресрет на 75-годишнината на ослободувањето на кампот, што се случи на 27 јануари 1945. Во логорот Аушвиц-Биркенау биле убиени 1,1 милион луѓе, најмногу Евреи, во периодот до 1940 до 1945. Другите жртви биле нееврејски Полјаци, Роми и советски заробеници.

    Бројката на посетители се зголемила за 170 илјади во споредба со 2018.

    Од Меморијалниот музеј во Аушиц испратиле барања до славни личности, како милијардерот Бил Гејтс и оскаровецот Леонардо Дикаприо, да им помогнат да стигнат до еден милион следбеници на Твитер, во пресрет на 75-годишнината од ослободувањето на кампот на 27 јануари. (Фото: АФП)

    Во 2019, кампот го посетиле речиси 400 илјади Полјаци, а од странските посетители доминираат Британците со 200 илјади, Американците со 120 илјади и 73 илјади Германци.

    Од Меморијалниот музеј во Аушиц испратиле барања до славни личности, како милијардерот Бил Гејтс и оскаровецот Леонардо Дикаприо, да им помогнат да стигнат до еден милион следбеници на Твитер, во пресрет на годишнината од ослободувањето на кампот.

    За тој ден се планира свеченост на која се поканети да дојдат над 200 прежиеваени од Аушвиц и делегации од повеќе земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира