РИБАРИ ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ВО ДОЈРАН ЛОВАТ ЦРВЕНОПЕРКА, БЕЛВИЦА И КОСТРЕЖ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

    РИБАРИ ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ВО ДОЈРАН ЛОВАТ ЦРВЕНОПЕРКА, БЕЛВИЦА И КОСТРЕЖ (ФОТОГАЛЕРИЈА)Ловат со трска, покрај брегот, на дрвените мостови, но и во внатрешноста на езерото со кајчиња и гумени чамци. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Пријатното сончево време во Дојран деновиве привлече голем број спортски и рекреативни риболовци на езерото. Риболовци од Дојран, Струмица, Скопје, Куманово како и од други места од земјава се секојдневен декор по мирните води на Дојранското Езеро. Ловат со трска, покрај брегот, на дрвените мостови, но и во внатрешноста на езерото со кајчиња и гумени чамци и се печат на февруарското сонце.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    Наспроти нив, се реализира и стопанскиот риболов. Вработени од концесионерот на езерото „Костреж 2018“ секојдневно ловат риби со мрежа од локалитетот Мандри, каде има постојано чувар да го штити рибниот фонд од кормораните. Мрежите со улов се влечат до брегот на Езерото каде рибите се чистат од мрежите и се складираат за комерцијален транспорт до ресторни или рибарници во земјава.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Секојдневно има риболовци кои сакаат да уживаат на Дојранското Езеро, а ние како концесионер овие денови фокусирани сме на лов на црвеноперка, белвица и костреж. Сега е сезоната. Овие зимски месеци се најпогодни за комерцијален риболов од подрачјата кои се предвидени со концесијата“, ни рече Никола Киров од „Костреж 2018“ кое се грижит за рибниот фонд на езерото и секоја година го обновува со подмладок на крап.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

     

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира