РИБОЛОВЦИ ЌЕ МУ ОДДАДАТ ПОЧИТ НА АКТЕРОТ ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ СО МИНИОЛИМПИЈАДА ВО РИБОЛОВ

    РИБОЛОВЦИ ЌЕ МУ ОДДАДАТ ПОЧИТ НА АКТЕРОТ ВАНЧО ПЕТРУШЕВСКИ СО МИНИОЛИМПИЈАДА ВО РИБОЛОВОсвен како актер, Петрушевски беше познат и како страстен риболовец

    Здружението на рекреативни риболовци „Рибарски приказни“ од Скопје ќе организира Миниолимпијада во риболов во чест на неодамна починатиот актер Ванчо Петрушевски, кој бил познат и како страстен риболовец.

    Насловена „Ванчо Петрушевски 2019”, таа ќе се одржи од 6 до 8 септември на акумулацијата Козјак, на патека во месноста Здуње.

    На настанот, кој ќе биде отворен за јавност, ќе бидат застапени пет спортски риболовни дисциплини: крап, пливка, мушица, спин и натпревар во подготвување рибна чорба. Учество ќе земат 150 натпреварувачи од Македонија, што го прави најмасовен настан од областа на риболовот организиран досега.

    Планирано е Миниолимпијадата да биде традиционална и со нејзино организирање, секоја година да се чествуваат ликот и делото на еден од омилените македонски актери Ванчо Петрушевски.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари