„РОЛИНГ СТОУНС“ ЈА ОТКАЖА ТУРНЕЈАТА ВО СЕВЕРНА АМЕРИКА, МИК ЏЕГЕР МОРА НА ЛЕКУВАЊЕ

    „РОЛИНГ СТОУНС“ ЈА ОТКАЖА ТУРНЕЈАТА ВО СЕВЕРНА АМЕРИКА, МИК ЏЕГЕР МОРА НА ЛЕКУВАЊЕМик Џегер не даде детали за својата состојба (Фото: АП)

    „Ролинг стоунс“ ја откажа турнејата во САД и Канада поради здравствените проблеми на својот фронтмен Мик Џегер. Седумдесет и петгодишниот пејач изјави дека е „уништен“ поради тоа што ги изневерил фановите, но не даде други детали за својата состојба.

    Лекарите му кажале на Џегер дека не може да оди на турнеја во овој момент, но и дека се очекува целосно да заздрави.

    „За жал, ‘Ролинг стоунс‘ мора да ја одложи својата турнеја низ САД и Канада и им се извинува на сите оние кои ги имаат купено картите. Мик беше советуван од лекарите да не оди на турнеја, бидејќи му е потребен третман“, соопшти групата.

    Турнејата требаше да почне на 20 април во Мајами и да заврши во Канада на 29 јуни.

    „Им се извинувам на сите фанови од САД и Канада. Мразам што вака ве изневерив. Ќе се потрудиме што поскоро да се вратиме на сцена“, напиша Џегер на Твитер.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари