РОМАНИЈА ТРЕБА ДА ГИ ПРИЗНАЕ ИСТОПОЛОВИТЕ БРАКОВИ СКЛУЧЕНИ ВО ЕУ, ВЕЛАТ ОД ЕВРОПСКИОТ СУД НА ПРАВДАТА

    РОМАНИЈА ТРЕБА ДА ГИ ПРИЗНАЕ ИСТОПОЛОВИТЕ БРАКОВИ СКЛУЧЕНИ ВО ЕУ, ВЕЛАТ ОД ЕВРОПСКИОТ СУД НА ПРАВДАТАЗемјите членки на ЕУ не смеат да ја попречуваат слободата на живеење на државјаните на Европа и на нивните сопружници (Фото: АП)

    Романија треба да го признае бракот склучен во Белгија меѓу државјанин на Романија и неговиот американски сопруг и да им дозволи на двајцата да живеат во земјата, кажа советник на највисокиот суд на Европската унија.

    „Земјите членки на ЕУ не смеат да ја попречуваат слободата на живеење на државјаните на Европа со тоа што ќе одбијат да му дозволат постојан престој на нивниот сопруг од ист пол“, кажа правобранителот Мелкиор Вателет во согласност со изјавата на судот.

    Двајцата мажи живееле заедно во САД пред да стапат во брак во Брисел во 2010 година. Во 2012 година решиле да се преселат во Романија, но властите одбиле да дадат дозвола за престој за американскиот сопружник, бидејќи Романија не признава истополови бракови.

    Двојката се жалела на одлуката пред романските судови, кои се обратиле до Европскиот суд на правдата за помош во интерпретација на европското законодавство. Европските правила гарантираат слобода на движење за државјаните на ЕУ и за нивните сопружници, не прецизирајќи го полот на партнерите во брак, истакна Вателет.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира