ШАРЕНИТЕ ГАЌИ ГО ИЗДАЛЕ КРАДЕЦОТ И ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИЛА ЕДНА ГОДИНА ПО ГРАБЕЖОТ ВО ЊУЈОРК

    ШАРЕНИТЕ ГАЌИ ГО ИЗДАЛЕ КРАДЕЦОТ И ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИЛА ЕДНА ГОДИНА ПО ГРАБЕЖОТ ВО ЊУЈОРКГрабежот се случил во продавница за тутун во Квинс на 14 септември 2022. (Фото: Принтскрин од надзорно видео)

    Шарените гаќи кои ѕиркале над ниските панталони на осомничениот за грабеж ѝ помогнаа на полицијата да го уапси по повеќе од една година, соопштија властите во Њујорк. Грабежот се случил во продавница за тутун во Квинс на 14 септември 2022.

    Тројца маскирани излегле од „мазда“ и влегле во продавницата, се вели во обвинението до судот. Двајца од мажите впериле пиштоли кон вработените и клиентите, додека третиот ја испразнил касата и ја грабнал стоката и мобилните телефони на вработените. Разбојниците побегнале со „маздата“. Надзорните снимки кои беа распространети низ медиумите покажаа дека третиот разбојник носи гаќи со живи бои со голема буква Р во бело и годината 1990 во жолта боја. Анонимна дојава ја известила полицијата за објава на Инстаграм на осомничениот со шарената долна облека, каКо и тоа дека разбојниците се обиделе да ја продадат украдената стока на друга локација во Квинс.

    Детективите ја прегледале видеоснимката од локацијата на продажбата на украдената стока и го забележале човекот со шарена долна облека, кој лесно можел да се препознае бидејќи не носел маска. Полицијата го идентификувала осомничениот врз основа на неговиот инстаграм профил, видеото од местото за продажба на стоката и фотографиите од претходните апсења. 30-годишниот осомничен беше уапсен во неговиот дом во Квинс. Другите двајца осомничени за грабеж се уште се во бегство, соопштија властите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира