ШЕСТ АМЕРИКАНЦИ НА ВОЗРАСТ ОД 62 ДО 85 ГОДИНИ УАПСЕНИ ЗА СЕКС ВО ПАРК

    ШЕСТ АМЕРИКАНЦИ НА ВОЗРАСТ ОД 62 ДО 85 ГОДИНИ УАПСЕНИ ЗА СЕКС ВО ПАРКГрупата била фатена во заштитена област во Ферфилд откако била следена од полицијата

    Шест луѓе на возраст од 62 до 85 години биле уапсени во Конектикат, откако полицијата ги фатила како имаат секс во парк.

    Полицијата соопшти дека групата, петмина мажи и 85-годишна жена, била уапсена поради вмешаност во вулгарно однесување и сексуална активност во заштитена област во Ферфилд.

    Како што објави агенцијата АП, оваа област се рекламирала на интернет како место каде што луѓето доаѓаат да се среќаваат и имаат секс. Поради тоа, полицијата почнала да ја надгледува областа за да спречува сексуални активности во јавност.

    Така била фатена и групата на возрасни луѓе, кои се соочуваат со низа обвиненија, како недолично однесување и нарушување на јавен ред.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира