ШКОТСКА Е ПРВА ЗЕМЈА ВО КОЈА СИТЕ ЖЕНИ ЌЕ ИМААТ БЕСПЛАТНИ СРЕДСТВА ЗА МЕНСТРУАЛНА ХИГИЕНА

    ШКОТСКА Е ПРВА ЗЕМЈА ВО КОЈА СИТЕ ЖЕНИ ЌЕ ИМААТ БЕСПЛАТНИ СРЕДСТВА ЗА МЕНСТРУАЛНА ХИГИЕНАСо оваа одлука, тампоните и хигиенските влошки ќе се поставуваат на јавни места како трговски центри, младински клубови и аптеки, а годишно тоа ќе чини 24.1 милион фунти. (Фото: Економик тајмс)

    Шкотскиот парламент ги одобри плановите со кои средствата за менструална хигиена ќе бидат бесплатни за сите жени, и со тоа Шкотска стана прва држава во светот со ваква мерка. Со оваа одлука, тампоните и хигиенските влошки ќе се поставуваат на јавни места како трговски центри, младински клубови и аптеки, а годишно тоа ќе чини 24.1 милион фунти (31.2 милиони долари).

    Одлуката за Нацрт-законот за производи за менструација без провизија ја помина првата фаза со 112 гласа за, ниту еден против и ниту еден воздржан. Сега оди на втората фаза, каде пратениците ќе може да предлагаат амандмани.  За време на дебатата, Моника Ленон која го предложи Нацрт-законот, рече дека ако помине ќе биде „историски момент за правно уредување на менструацијата во Шкотска и со тоа ќе дадат јасен знак на граѓаните колку сериозно Парламентот ја сфаќа родовата еднаквост“.

    Во 2018 Шкотска стана првата држава во светот каде хигиенските производи станаа бесплатни во училиштата, колеџите и универзитете.

    Хигиенските производи во Велика Британија сега се оданочуваат со 5 проценти. Владата на Дејвид Камерон во 2016 најави дека ќе стави крај на „данокот на тампони“ , но досега тоа не се случи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира