ШКОТСКИОТ ДИЏЕЈ ЏЕКМАСТЕР ПОЧИНА ПО ПОВРЕДА НА ГЛАВАТА НА ИБИЦА

    ШКОТСКИОТ ДИЏЕЈ ЏЕКМАСТЕР ПОЧИНА ПО ПОВРЕДА НА ГЛАВАТА НА ИБИЦА38-годишниот Ревил почина во саботата наутро по „компликации кои настанаа од случајна повреда на главата“, соопшти неговото семејство (Фото: Гети)

    Шкотскиот диџеј и продуцент Џек Ревил, познат како Џекмастер, почина откако се здоби со повреда на главата на Ибица.

    38-годишниот Ревил почина во саботата наутро по „компликации кои настанаа од случајна повреда на главата“, соопшти неговото семејство. Тие додадоа дека се „крајно скршени“ од  загубата.

    Диџејот од Глазгов настапуваше во некои од најпознатите клубови и фестивали низ светот, а тој беше и ко-основач на издавачка куќа.

    Роден во Глазгов, Ревил работеше во добро познатата продавница за плочи „Rubadub“ во Глазгов, а потоа стана ко-основач на издавачката куќа „Numbers“.

    Неодамна го објави синглот „Нитро“. „Песната беше за возбудата во клубовите. За жал, тие моменти се ретки сега. Мислам дека виновни се телефоните и луѓето кои не танцуваат“; рече диџејот.  Во 2018, тој се извини по инцидентот на музички фестивал во Бристол, откако призна дека се однесувал  навредливо кон персоналот на настанот додека бил во алкохолизирана состојба.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира