ШПАНСКО СЕЛО ИЗГРАДИ СЦЕНОГРАФИЈА ОД ВЕСТЕРНОТ „ДОБРИОТ, ЛОШИОТ И ГРДИОТ“ ЗА ДА ПРИВЛЕЧЕ ТУРИСТИ

    ШПАНСКО СЕЛО ИЗГРАДИ СЦЕНОГРАФИЈА ОД ВЕСТЕРНОТ „ДОБРИОТ, ЛОШИОТ И ГРДИОТ“ ЗА ДА ПРИВЛЕЧЕ ТУРИСТИВо селата близу градот Санто Доминго де Силос, на околу 200 километри северно од Мадрид, се снимаше класиката на Серџо Леоне. (Фото: В. Вест)

    Волонтери во северна Шпанија макотрпно работеа на реконструкција на гробовите од сцените на вестерн класикот „Добриот, лошиот и грдиот“ на Серџо Леоне од 1966  за да ја направат областа место каде ќе доаѓаат туристи и обожаватели на филмот со Клинт Иствуд. Селата во близина на градот Санто Доминго де Силос, на околу 200 километри северно од Мадрид, беа користени како локација која го глумеше американскиот југозапад во филмот.

    Последниот дел од таканаречената „доларска трилогија“ што му донесе светска слава на Иствуд, се вбројува меѓу најдобрите филмови на сите времиња.

    Во 2015, локално културно здружение започна акција за спонзорство за реконструкција на измислените гробишта Сед Хил, место на познатата пресметка меѓу ликот на Иствуд Човекот без име и двајца ривали за складиште со закопано злато. Гробиштата сега можат да се пофалат со повеќе од 5.000 реквизити.

    Кристине Гузман од регионалната филмска комисија рече дека реновирањето треба да ги поттикне фановите да се соберат на она што „ќе претставува ново свето место“. Анхел Санчез (63) од Толедо во централна Шпанија, за „Ројтерс“ изјави дека размислува дали да ја расфрлиа сопствената пепел таму.

    На исток од гробиштата се наоѓа затворскиот логор Бетервил, каде во филмот се затворени пиштолџиите кои ги играат Иствуд и Ели Валах откако биле заробени од војниците на Конфедерациската унија. Бетервил беше обновен со помош на изгорени стебла од смрека кога пожарот го опустоши околниот природен парк во 2022.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира