ШТИП ДОБИ АКТИВНА ЗОНА ПОДАРОК ОД КОКА КОЛА И ПИВАРА СКОПЈЕ

    ШТИП ДОБИ АКТИВНА ЗОНА ПОДАРОК ОД КОКА КОЛА И ПИВАРА СКОПЈЕ

    Штип доби рекреативно-спортска зона, односно „Кока Кола активна зона“, која е донација од Пивара и компанијата Кока Кола, соопшти компанијата. Од Пивара велат дека со отворање на оваа зона почнува вториот циклус од проектот со Кока Кола за донација на активни зони ширум земјата, а годинава е предвидено да се отворат уште пет.

    Активните зони имаат најсовремена фитнес опрема, пет професионални фитнес справи, кои се бесплатни за сите граѓани.

    „Се радувам што Пивара и Кока Кола излегоа во пресрет на барањето на жителите Штип за донација на активна зона упатено до нив уште лани. Се надевам дека ’Кока Кола Активната зона‘ ќе стане најпосетено место во градот, каде што штипјани ќе можат да се рекреираат, дружат и забавуваат“, рече Илчо Захариев, градоначалник на Штип.

    Проектот „Кока Кола Активни зони“ е дел од глобалната платформа за промоција на активниот живот на Пивара Скопје во соработка со компанијата Кока Кола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира