ШВАЈЦАРЦИЈА ЌЕ ГЛАСА ДА СТАНЕ ПРВАТА ДРЖАВА КОЈА ЌЕ ЗАБРАНИ ТЕСТИРАЊА НА ЖИВОТНИ

    ШВАЈЦАРЦИЈА ЌЕ ГЛАСА ДА СТАНЕ ПРВАТА ДРЖАВА КОЈА ЌЕ ЗАБРАНИ ТЕСТИРАЊА НА ЖИВОТНИОколу 400.000 глувци се користат во лабораториски тестирања во Швајцарија секоја година

    Швајцарија би можела да стане првата држава на светот која целосно ќе забрани медицински тестирања на животни, за што нејзините граѓани ќе гласаат в недела на референдум.

    Повеќе од 550.000 животни умреле во лабораториски тестирања во 2020 во Швајцарија, која располага со огромен фармацевтски сектор. Меѓу нив се 400.000 глувци и стаорци, речиси 4.600 кучиња, 1.500 мачки и 1.600 коњи, а вкупната бројка вклучува и примати, крави, свињи, риби и птици.

    „Сурово и непотребно е да се експериментира на животни и сигурен сум дека можеме да развиваме лекови и без тоа“, изјави лекарот Ренато Верндли, кој ја покренал иницијативата за референдум.

    Резултатите од гласањето ќе бидат обврзувачки, но се очекува дека забраната нема да помине, на олеснување на фармацевтскиот сектор, кој предупреди дека така би се спречил развојот на нови лекови. Овој сектор придонесува со 9% во швајцарската економија и на него отпаѓа речиси половина од извозот.

    Пред да почнат со тестирања на животни, научниците мора да докажат дека нема алтернатива за нив и дека истражувањето е важно.

    „Ние користиме околу 750 глувци годишно. Сите умираат на крајот на експериментите, но немаме алтернатива. Без тие конкретни експерименти, не би можеле да развиваме лекови кои спасуваат човечки животи“, изјави Марис фан дер Брук од Универзитетот во Цирих.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира