ШВЕДСКА И НОРВЕШКА ВО ГРАНИЧЕН СПОР ПОРАДИ ИРВАСИ

    ШВЕДСКА И НОРВЕШКА ВО ГРАНИЧЕН СПОР ПОРАДИ ИРВАСИНорвешка се закани со убивање на шведските ирваси кои ќе влезат во земјата доколку Шведска не потпише нов договор за пасењето

    Шведска и Норвешка се најдоа во необичен граничен спор, што го предизвикаа ирваси, кои слободно поминуваат од една во друга земја.

    Норвешкиот министер за земјоделство Јон Георг Дале се закани со убивање на шведските ирваси кои ќе влезат во земјата, доколку Шведска наскоро не потпише нов договор, со кој ќе се регулира пасењето.

    Иако стадата ирваси слободно се движат низ двете скандинавски земји со векови, Шведска избегнува да потпише нова верзија на договорот од 1972 година, чија важност истече пред 13 години.

    Оттогаш, правата за пасење се утврдени според правилата кои биле воспоставени уште во 1751 година. Овој договор им овозможува на припадниците на народот Сами слободно да ја поминуваат границата со стадата, но Норвешка смета дека Шведска со него добива многу повеќе.

    „Овие закани би можеле да имаат сериозни последици. Границата е само линија на хартија, а ирвасите ја користат земјата со векови“, вели Нила Инга, претседател на Шведската Сами асоцијација.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира