ШВЕДСКАТА ПРИНЦЕЗА СОФИЈА ЌЕ РАБОТИ КАКО МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ДОДЕКА ТРАЕ ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19

    ШВЕДСКАТА ПРИНЦЕЗА СОФИЈА ЌЕ РАБОТИ КАКО МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ДОДЕКА ТРАЕ ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19Принцезата Софија (во средина) со своите нови колеги (Фото: Шатерсток)

    Шведската принцеза Софија облече униформа на медицинска сестра и им се придружи на здравствените работници во борбата против коронавирусот.

    Сопругата на принцот Карл Филип поминала тридневен медицински курс на Универзитетскиот колеџ во Стокхолм, што ѝ овозможи да работи со пациенти во болница додека трае пандемијата. Универзитетот почнал со вакви тренинзи со цел да се обучи кадар кој би ги растоварил лекарите и друг персонал во болниците.

    Софија како принцеза и како медицинска сестра (Фото: Шатерсток)

    Принцезата сакаше да даде доброволен придонес кон здравствената заштита во време кога ресурсите се искористени до крајни граници“, соопштија од шведското кралско семејство.

    Таа стана дел од него во 2015 година, кога се омажи со Карл Филип, кој е четврти во редот за наследство на тронот и заедно имаат две деца.

    Шведска има поразличен, полабав пристап кон кризата со коронавирусот, но досега има речиси 14.000 заразени и 1.511 починат, од кои 111 во последните 24 часа.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира