СИТЕ ЈА БАРААТ ФРАНЦИЈА КОГА ТРЕБА ДА СЕ АНАЛИЗИРААТ ЦРНИ КУТИИ ОД АВИОНСКИ НЕСРЕЌИ

    СИТЕ ЈА БАРААТ ФРАНЦИЈА КОГА ТРЕБА ДА СЕ АНАЛИЗИРААТ ЦРНИ КУТИИ ОД АВИОНСКИ НЕСРЕЌИФранцуската агенција за истражување авионски несреќи (БЕА) важи за една од најстручните во оваа област (Фото: АП)

    Црните кутии од паднатиот авион на „Етиопијан ерлајнс“ пристигнаа во Франција на анализа, додека роднините на 157 загинати бараат одговори. Неделната несреќа беше втора на авион од типот „боинг 737 макс 8“ за период од пет месеци, што доведе до нивно приземјување низ цел свет.

    Франција нема голема историја на авионски несреќи, но нивните истражители во оваа област се светски познати.

    „Етиопските власти побараа европски истражители да ја направат анализата поради нејзина сложеност. Тие прво ја сакаа Германија, но таму го немаат потребниот капацитет за ваква истрага“, изјави портпаролот на Француската агенција за истражување авионски несреќи (БЕА), Себастијан Барте.

    Сместена во париското предградие Бурже, БЕА често ја бараат кога авион на „Ербас“ има некаков проблем каде било низ светот. Овојпат, во прашање беше „боинг“.

    Од БЕА не кажаа колку ќе трае анализата на кутиите, кои, всушност, се со портокалова боја. За тоа обично требаат денови или недели, во зависност од тоа дали и колку снимачите биле оштетени во несреќата. Нивната цел не е да посочуваат виновници, туку да откријат што тргнало на лошо и да препорачаат како да се подобри безбедноста.

    БЕА, меѓу другото, откри дека копилотот намерно го урнал авионот на „Џерманвингс“ во 2015 година, како и дека замрзнатите сензори за брзина биле причина за падот на авионот на „Ер Франс“ во Атлантскиот Океан во 2009.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира