СЛОНИЦИТЕ ДУЊА И ДАЕЛА НА 29 СЕПТЕМВРИ ДОАЃААТ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА

    СЛОНИЦИТЕ ДУЊА И ДАЕЛА НА 29 СЕПТЕМВРИ ДОАЃААТ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА„Едната е африканска, другата азиска слоница. И двете се стари по 30 години. Моја цел е скопската Зоолошка да стане европска градина“, вели директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски (Фото: СДК.МК)

    Слониците Дуња и Даела од Белгија на 29 септември ќе пристигнат во скопската Зоолошка градина.

    „Едната е африканска, другата азиска слоница. И двете се стари по 30 години. Направено е ново живеалиште според најсовремените стандарди, со отворен и затворен дел. Со површината која ја зафаќа живеалиштето тоа е едно од најголемите во Зоолошката. Моја цел е скопската Зоолошка да стане европска градина“, вели директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

    ДВЕ СЛОНИЦИ ОД БЕЛГИЈА ЌЕ СТИГНАТ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ

    Доаѓањето на слониците беше најавено за во август, но поради високите температури минатиот месец низ Европа, нивниот транспорт беше одложен.

    Зоолошката градина Скопје за првпат после 17 години станува дом на слонови. Прва слоница жителка била слоницата Цица која во Скопје живеела од 1963 до 1970 година. Втората слоница која живеела во скопската Зоолошка е Анка, која починала во длабока старост во 1992 година.

    Во чест на двете слоници, на 29 септември во 12 часот во Зоолошката градина ќе има забава за децата, а ќе настапат пејачите и хорот на „Златно славејче“ и „Пет + бенд“.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари