СЛОВЕНИЈА ВО МАРТ ЌЕ ГО ЛАНСИРА СВОЈОТ ПРВ САТЕЛИТ ВО ВСЕЛЕНАТА

    СЛОВЕНИЈА ВО МАРТ ЌЕ ГО ЛАНСИРА СВОЈОТ ПРВ САТЕЛИТ ВО ВСЕЛЕНАТАВо развојот на сателитот биле вложени 2,3 милиони евра (Фото: Универзитетот во Марибор)

    Првиот словенечки сателит ќе биде лансиран во вселената на 23 март, објавија Универзитетот во Марибор и научно-технолошкиот центар „Весоље-СИ“.

    Наречен „Трисат и Немо ХД“, тој бил на последниот технички преглед во Брно минатата недела, каде што биле дополнети неговите батерии, имајќи предвид дека лансирањето беше одложено за седум месеци.

    Сателитот ќе биде лансиран на ракета „вега“ од Француска Гвајана, објави словенечката агенција СТА.

    Микросателитот „Немо ХД“ е развиен од словенечки инженери, при што 85% од средствата биле добиени од Европската Унија. Тој има тежина од 65 килограми и ќе биде дел од европскиот систем „Коперникус“, а ќе собира свои податоци за потребите на урбанизам, екологија, замјоделство, шумарство и транспорт.

    Во развојот на сателитот досега биле вложени 2,3 милиони евра.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари