СОПРУГАТА НА КИМ ЏОНГ-УН СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ ПО ДЕВЕТ МЕСЕЦИ

    СОПРУГАТА НА КИМ ЏОНГ-УН СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ ПО ДЕВЕТ МЕСЕЦИМедиумите шпекулираа дека е трудна по третпат. - Ри Сол-ју со сопругот Ким Џонг-ун (Фото: АФП)

    Сопругата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се појави во јавност за првпат од декември минатата година, присуствувајќи на прославата организирана во чест на последните нуклеарни достигнувања на земјата.

    Дваесет и седумгодишната Ри Сол-ју го придружуваше својот сопруг на банкетот во Пјонгјанг, прекинувајќи ги шпекулациите дека е трудна или дека е во негова немилост.

    Ова не е првпат Ри Сол-ју да исчезнува од јавноста од непознати причини, па така минатата година никој ја немаше видено цели седум месеци, пред да се појави во декември на една воена вежба.

    Ким е првиот лидер на Северна Кореја кој излегол во јавност со својата сопруга. Двајцата се заедно од 2010 година и имаат две деца, чиј пол не е познат. Во Северна Кореја е реткост да се имаат повеќе од две деца, но се шпекулираше дека Ким посакува уште едно бидејќи првите две му се ќерки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира