СТАПАЛО НА ПЛАНИНАР ПРОНАЈДЕНО НА МОНТ ЕВЕРЕСТ 100 ГОДИНИ ПО НЕГОВОТО ИСЧЕЗНУВАЊЕ

    СТАПАЛО НА ПЛАНИНАР ПРОНАЈДЕНО НА МОНТ ЕВЕРЕСТ 100 ГОДИНИ ПО НЕГОВОТО ИСЧЕЗНУВАЊЕБританските власти сега го проверуваат идентитетот на стапалото со користење на ДНК примерок. (Фото: Џими Чин)

    Стапало за кое се верува дека му припаѓа на британски планинар кој исчезна пред 100 години е пронајдено на Монт Еверест, откритие кое може да реши една од најголемите планинарски мистерии.

    Ендрју Комин „Сенди“ Ирвајн се обиде да го искачи Монт Еверест во јуни 1924 години со неговиот партнер Џорџ Мелори, но и двајцата исчезнаа. Телото на Мелори беше пронајдено, но телото на Ирвајн никогаш не беше откриено.

    Минатиот месец, тим на планинари кои снимаа документарец за „Нешнл Џиографик“ наидоа на стапало, кое излегло на виделина откако се стопил мраз од глечер. Познатиот авантурист Џими Чин, кој го предводи тимот, го нарече откритието „монументален и емотивен момент“.

    Многумина се прашуваа дали Ирвајн и Мелори успеале да станат првите кои го искачиле Еверест, 29 години пред Едмунд Хилари и Тензинг Норкај. Низ годините, имаше обиди да се најде телото на Ирвајн, бидејќи тој носел фотоапарат со неразвиен филм со себе, со кој би можело да се докаже дека тој и неговиот партнер Мелори успеале да го искачат Еверест.

    Британските власти сега го проверуваат идентитетот на стапалото со користење на ДНК примерок.

    Но, тимот на Чин е убеден дека стапалото му припаѓа на Ирвајн, најмногу поради тоа што на чорапата во чизмата има извезено „Еј-Си Ирвајн“.

    Ирвајн и Мелори последен пат се видени живи на 8 јуни 1924 година, кога тргнале на искачувањето кон врвот. Телото на Мелори беше пронајдено во 1999 година од американски планинар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира