СТИНГ, КАЈЛИ МИНОГ И ТОМ ЏОНС ПЕЕЈА ВО ЧЕСТ НА 92. РОДЕНДЕН НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА

    СТИНГ, КАЈЛИ МИНОГ И ТОМ ЏОНС ПЕЕЈА ВО ЧЕСТ НА 92. РОДЕНДЕН НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРАСо доаѓањето на концертот, кралицата ја прекрши традицијата, откако досега вообичаено го славеше роденденот во приватен амбиент (Фото: Ројтерс)

    Кралицата Елизабета Втора присуствуваше на специјален концерт во Лондон, на којшто големи поп-ѕвезди пееја во чест на нејзиниот 92. роденден, што го прослави денеска.

    Шоуто го отвори Том Џонс, по што најдолговечниот жив монарх на светот го зазеде своето место во кралската ложа на „Ројал Алберт хол“, опкружена од членови на своето семејство.

    Том Џонс го отвори концертот во „Ројал Алберт хол“ (Фото: Ројтерс)

    На сцената, меѓу другите, се појавија и Кајли Миног, Стинг, Шеги и Крег Дејвид и кралицата на овој начин малку ја прекрши традицијата, откако досега вообичаено го славеше роденденот во приватен амбиент, во кругот на семејството.

    Кајли Миног (Фото: Ројтерс)

    Родена на 21 април 1926 година, Елизабета имаше само 25 години кога беше крунисана за кралица, што значи дека веќе 66 години е на тронот, што ја прави рекордерка во британската историја.

    Таа има и „официјален“ роденден во јуни, што се одбележува со голема парада на војници низ централен Лондон.

    Шон Мендес (Фото: Ројтерс)

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира