Милиони луѓе низ целиот свет се подготвуваат за дочек на Нова година каков што немало досега, со карантини, рестрикции и полициски часови, како мерка на земјите да го спречат ширењето на ковид-19 пред да се почувствуваат ефектите од вакцинацијата.
Помина една година откако Светската здравствена организација (СЗО) за првпат проговори за мистериозна пневномија во Кина, која подоцна беше именувана како ковид-19. Вирусот уби над 1.79 милиони луѓе во светот и ја уништи светската економија.
Но, со меѓународни сили, научниците успеаја да развијат вакцини во рекордоно време, и веќе во светот се дозволи вакцинација со вакцината на „Фајзер-Бионтек“, „Модерна“ и на Оксфорд и „АстраЗенека“.