„СВИС“ ПО ПОВОД 8 МАРТ ЛЕТАШЕ СО КОМПЛЕТНО ЖЕНСКИ ЕКИПАЖ ОД ЦИРИХ ДО БЕРЛИН

    „СВИС“ ПО ПОВОД 8 МАРТ ЛЕТАШЕ СО КОМПЛЕТНО ЖЕНСКИ ЕКИПАЖ ОД ЦИРИХ ДО БЕРЛИННа летот од Цирих до Берлин утрово жени беа пилот и копилот и 4 стујардеси.(Фото: Свис)

    Швајцарската авиокомпанија „Свис“ го одбележа Меѓународниот ден на жената 8 Март со лет со комплетно женски екипаж. На летот од Цирих до Берлин утрово жени беа пилот и копилот и 4 стујардеси, објави компанијата.

    Швајцарија е последна држава во Европа каде жените добија право на глас. Жените во Швајцарија добија право на глас после референдумот кој се одржа во фeвруари 1971 година и веќе на изборите во октомври излегоа на гласање. Претходниот референдум одржан во 1959 беше неуспешен бидејќи 67 отсто од мажите се изјаснија дека жените не треба да имаат право на глас.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира